ПСЖ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ГО ОТВОРИ ТУРНИРОТ ВО СТРАЗБУР

Раул го реши Мешков, сега го чека Вардар

Македонскиот селектор, Раул Гонзалез и екс-тренер на Вардар триумфално го отвори турнирот во Стразбур, го совлада Мешков Брест со 35-29. 

објавено: 23 август 2018 - 19:57

Очекувано, Раул Гонзалез и неговиот ПСЖ немаа проблем на првиот дуел на меѓународниот турнир кој се одржува во Стразбур. Македонскиот селектор и екс-стратег на Вардар забележаа убедлива победа на мечот против Мешков Брест совладувајќи го со 35-29 (17-14). За Гонзалез како стратег на францускиот тим ова е втора победа во подготовките во новата сезона, по Алборг. 

За првпат по заминувањето од таборот на македонскиот шампион, Раул и Вардар ќе се најдат на спротивната страна на теренот, дуелот меѓу „светците“ и „црвено-црните“ е закажан со почеток во 20:30 часот.

Вечерва љубителите на ракометот во Стразбур ќе го проследат дуелот меѓу европскиот првак, Монпелје и вицепрвакот, Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. 

Најново во Ракомет