ФИНАЛЕТО ИМ ПРИПАДНА НА „СВЕТЦИТЕ“

Раул Гонзалез го најде лекот за Монпелје, ПСЖ прв во Стразбур

Не успеа во полуфиналето во Келн како тренер на Вардар, но неколку месеци подоцна го најде лекот за европскиот првак. Раул Гонзалез и ПСЖ во финалето на турнирот во Стразбур го совладаа Монпелје со 33-30. 

објавено: 26 август 2018 - 19:02

ПСЖ го освои турнирот во Стразбур. Раул Гонзалез не успеа во полуфиналето во Келн како тренер на Вардар, но неколку месеци подоцна го најде лекот за европскиот првак. Во доста неизвесен меч „светците“ славеа со 33-30 и сосема заслужено се радуваа, денеска беа подобар противник.

Шпанскиот стратег и неговите момци имаа нешто потешка задача во првото полувреме, по кое имаа предност од 17-16. Во продолжение заиграа подобро, особено во последните 15. минути во кои успеаја да дојдат до водство од три гола кое го сочуваа до самиот крај. 

За потсетување Вардар заврши на шестото место зад Нант и Веспрем, третото место му припадна на Мешков Брест.

Најново во Ракомет