КАПИТЕНОТ НА ВАРДАР ПО ПОРАЗОТ ОД БАРСЕЛОНА

Стоилов: Ако сакате да победите, но сте релаксирани ќе загубите од секого

Вардар се враќа од Барселона без бодови од мечот на неделата

објавено: 17 ноември 2018 - 21:12

Вардар се враќа од Барселона без бодови од мечот на неделата. Црвено-црните загубија со 26-34 (15-16) и тоа најмногу поради лошите 15. минути од второто полувреме во кои постигна само два гола, Барселона казни и лесно дојде до двоцифрена предност.

„Му честитам на домашниот тим, особено на нивниот голман. Тој ги искористи нашите 10 минути на конфузија. Имавме добро полувреме. Мислевме дека сме на добар пат. Но, во второто полувреме Барселона ја искористи предноста и нашите грешки. Ако сакате да победите и ако сте релаксирани ќе загубите од секого“, изјави Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот.

Најново во Ракомет