Речиси цел тим на Вардар е во конкуренција да биде меѓу најдобрите во изборот на европската ракометна федерација (ЕХФ). Во гласањето за играчи по позиции, очекувано меѓу голманите го има името на Арпак Штербик, Тимур Дибиров е во конкуренција на најдобро лево крило, а Вуко Борозан е меѓу најдобрите леви бекови.
Најдобриот играч на Фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата, Лука Циндриќ е меѓу најдобрите централни бекови, а нема вардарец на позициите пикер, десен бек и десно крило. Специјалистот за одбрана Илија Абутовиќ е меѓу најдобрите дефанзивци.
Овој избор за најдобри во Лигата на шампионите не може да помине без Раул Гонзалез кој е во конкуренција за најдобар тренер сезонава.