Селекторот го ревидираше списокот на репрезентативки

Симовски го скрати списокот на 21 ракометарка

По вчера објавениот список со 28 имиња, селекторот на женската репрезентација го скрати списокот за првиот собир.

објавено: 16 ноември 2018 - 14:55

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентција на Македонија, Симе Симовски, денеска го објави скратениот список од 21 ракометарка на кои ќе смета за престојниот собир пред квалификациски натпревари од првата фаза за обезбедување пласман во бараж натпреварите за СП 2019 Јапонија, против репрезентациите на Азербејџан, Турција и Исланд.

Собирот е закажан за ден 19.11.2018 (понеделник) со почеток во 17:00 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје.

Најново во Ракомет