ПО ПРОПУШТЕНАТА ШАНСА

Брестовац: Очекував победа, но...

Металург испушти напад за прва победа сезона, на крајот мораше да се задоволи со реми (27-27) на дуелот со Изввиѓач.

објавено: 19 септември 2018 - 22:54

Металург испушти напад за прва победа сезона, на крајот мораше да се задоволи со реми (27-27) на дуелот со Изввиѓач. Проблемот со повредите и натаму е кобен за Данило Брестовац и неговите избраници.

„Среќен сум, првпат оваа сезона сме комплетни. Првото полувреме можеби требаше да го решиме мечот. Ќе имаме проблеми во вториот дел на сите мечеви. Имам млади играчи, кои може се задоволуваат со само едно добро одиграно прво полувреме. Импровизираме секогаш на тренинг, бидејќи ни беа повредени левораките играчи. Влегуваме во технички грешки кои се несфатливи. Искрено очекував дека ќе победиме барем со едне гол разлика. Мислам дека кога ќе ги споредиме двете полувремиња овој резултат е реален. Ни останува што подобро да се подготвиме за Бешикташ", изјави Брестовац.

Мартин Велковски, кој се врати на терените по подолго отсуство жали за пропуштената шанса. 

„Го почнавме овој дуел добро во одбраната, направивме добра залиха. Не знам која беше причината за падот на крајот на првиот дел и во вториот дел, можеби овој вечерен термин не ни одгововара нас. Извиѓач одигра одлично во второто полувреме и заслужено на крајот се избори за бод", изјави Велковски.

Најново во Ракомет