„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ СО НОВ КЛУПСКИ РЕКОРД, 30 МЕЧА БЕЗ ПОРАЗ

СЕХА: Самба може и без гледање, Мораеш со најдобриот гол! (ВИДЕО)

Вардар ја продолжи победничката серија во СЕХА Газпром лигата со триумфот над Стеауа Букурешт, 27-21 (15-11), истовремено поставувајќи нов клупски рекорд.

објавено: 18 септември 2018 - 22:10

Веднаш после мечот се објави видео од погодок на бразилскиот интернационалец кој тешко можете да го запрете во неговите напади. На крајот тој три пати се запиша во листата на стрелците.

Рожерио Мораеш може и без гледање да ја затресе противничката мрежа, во овој случај стрелаше за одржување на позитивата против романската екипа. Овој погодок беше прогласен за најдобар гол на средбата во СЦ „Јане Сандански“ - Скопје.

Воедно уште еден податок дека трае серијата на македонските шампиони со 30. натпревари без пораз. Нов клупски и СЕХА рекорд, 30 мечеви по ред без пораз и 29 победи во истиот период. Вардарци остануваат неприкосновени во ова регионално натпреварување:

Најново во Ракомет