ВО КАМ-БЕКОТ НА КАРАЧИЌ И БОРОЗАН

Вардар го „прегази“ Железничар на Вујо (ФОТО)

Македонскиот и регионален првак, Вардар дојде до втората победа сезонава, на домашен терен очекувано го совлада Железничар со 35-20.

објавено: 4 септември 2018 - 21:42

Вардар очекувано, во вториот меч сезонава во СЕХА-лигата го совлада Железничар на Веселин Вујовиќ со 35-20. Македонскиот и регионален првак имаше проблем само во првите 20. минути, период во кој гостинскиот тим имаше водство од три гола (5-8, 6-9). По, последните плус три (8-11), избраниците на Роберто Гарсија Парондо направија серија од 10-0 за 18-11 и мирен финиш на првото полувреме.

По одморот веќе беше „песна“ за вардаровите ракометари, без проблем ја зголемуваа предноста, во 61. минута стигнаа до двоцифрени 28:18, а потоа и до 30-18.

На овој дуел во составот се вратија Игор Карачиќ и Вуко Борозан, по паузата поради повредите со кои се здобија за време на подготовките, двајцата влегоа во игра и се запишаа во листата на стрелци. Хрватот имаше три гола, додека Борозан забележа еден од седум обиди. 

Поповски, Кристопанс, Мораес, Чупиќ, Дибиров, Кисељев имаа по четири гола, Милосвљев забележа 11 одбрани, а шанса доби и Кизиќ.

Најново во Ракомет