БРОЈКИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА

Германците ќе добијат рекордна премија за злато на СП

Една од двете земји домаќини на Светското првенство нема да штеди пари доколку нивните момци се искачат на тронот. 

објавено: 9 јануари 2019 - 12:30

Германија за првпат по 2007 година е домаќин на Светското првенство во ракомет, токму и таа го освои златниот медал.

Тамошната федерација објави дека премијата за нов голем успех на Миндијалите ќе изнесува 450,000 евра, што е најголем бонус во историјата на оваа репрезентација.

„Оваа сума е за сите момци, секако секој играч додека за секој ден минат на СП добива и дневница“, истакаа од федерацијата.

Ова значи дека секој играч ќе добие по 28.000 евра, колку за споредба пред 12 години премијата изнесува 15.000 евра по играч.

 

Најново во Ракомет