АКО ИМ СЕ ВЕРУВА НА ТРАДИЦИЈАТА И РЕЗУЛТАТИТЕ НА СП

Македонија не губи на стартот

„Црвено-жолтите" единствено мундијалот во Хрватска во 2009 година го започнале со пораз од Тунис, 24:25. На последните три настапи на СП, отвораме со триумф.

објавено: 11 јануари 2019 - 13:00

Македонската машка ракометна репрезентација, попладнево (15:30 часот) против Јапонија, во групата Б, во Минхен го започнува настапот на Светското првенство 2019.

Јапонците се противник со кој „црвено-жолтите" момци за првпат ќе се соочат на едно големо натпреварување, па поради тоа не може да се потпреме на таквата статистика.

Сепак Македонија не загубила ниту еден натпревар кога станува збор за вакви „егзотични“ противници.

Ако им се верува на традицијата и на резултатите од настапите на досегашните СП, тогаш Македонија не губи на стартот.

Единствен мундијал на кој сме имале негативно отворање е Хрватска 2009, кога со минимални 24:25 загубивме од Тунис.

На последните три настапи на СП, отвораме со триумф, а желбите и надежите се дека таквата позитивна серија ќе продолжи и во Минхен.

ЕГИПЕТ 1999
Саудиска Арабија – Македонија 21:28 (11:16)

ХРВАТСКА 2009
Македонија – Тунис 24:25 (14:13)

ШПАНИЈА 2013
Македонија – Чиле 30:28 (12:10)

КАТАР 2015
Македонија – Тунис 33:25 (18:14)

ФРАНЦИЈА 2017
Македонија – Тунис 34:30 (13:14)

 

Најново во Ракомет