САЛАТА Е СКОЦКАНА, СЕ ЧЕКААТ ФАНОВИТЕ, УЧЕСНИЦИТЕ

„Олимпија хале“ е подготвена за ракометното лудило (ФОТО)

Салата „Олимпија хале“ е подготвенa за големиот спектакл... 

објавено: 11 јануари 2019 - 11:50

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Почнува вистинското ракометно лудило. Минхен еден од градовите домаќини на Светското првенство е подготвен за групата Б во која игра македонската репрезентација.

Снегот не дозволува надвор да се почувствува еурфорија, но веќе кога влеговме во сала, приказната е поинаква. Салата „Олимпија хале“, базата на „црвено-жолтите“ е скоцкана, луѓето од организацијата привршуваат со последните подготовки.

Во моментов на тест е озвучувањето, останатото се е на свое место, што пак не е за изненадување, ако се земе во предвид дека сме во Германија.

Македонија ја имаа таа чест прва да ги отвори мечевите од групата Б, во 15:30 часот игра против Јапонија. 

Најново во Ракомет